УАПСЕН НАПАЃАЧОТ ОД МЛАДЕНОВАЦ КОЈ НОЌЕСКА УБИ ОСУМ И РАНИ 14 ЛУЃЕ

    УАПСЕН НАПАЃАЧОТ ОД МЛАДЕНОВАЦ КОЈ НОЌЕСКА УБИ ОСУМ И РАНИ 14 ЛУЃЕМотивот на пукањето засега не е познат (Фото: Танјуг)

    Дваесетгодишниот Урош Б., кој доцна синоќа уби најмалку осум луѓе кај Младеновац, е уапсен во селото Грошница близу Крагуевац, соопшти министерството за внатрешни работи.

    Полицијата продолжува да ги расветлува сите факти и околности на овој случај“, додаде МВР.

    Само ден по пукањето во основно училиште во Белград, кога 13-годишник уби осум деца и еден чувар, поради што е прогласена тридневна национална жалост, во Србија се случи нов масакр. Напаѓачот прво пукал во селото Дубона, каде што убил полицаец и негова сестра, а потоа го продолжил својот поход во соседните села Мало Орашје и Шепшин. Жртвите на пукањето се на возраст од 15 до 25 години.

    Ранети се 14 лица, од кои две се во критична состојба.

    Мотивот на пукањето засега не е познат, а локалните мештани го опишаа убиецот како проблематичен. По него ноќеска трагаа повеќе од 600 полициски специјалци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира