РУСИЈА ГИ ЗАСИЛУВА НАПАДИТЕ НА УКРАИНА И САКА ДА ГО ОСВОИ БАХМУТ ПРЕД ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА

    РУСИЈА ГИ ЗАСИЛУВА НАПАДИТЕ НА УКРАИНА И САКА ДА ГО ОСВОИ БАХМУТ ПРЕД ДЕНОТ НА ПОБЕДАТАМосква е декорирана со знамиња за утрешниот важен празник (Фото: МНА)

    Русија лансираше нов бран напади на Киев и другите украински градови, додека се подготвува да го одбележи 9 Мај – Денот на победата над нацистичка Германија, велат украински официјални лица. Проектили биле испукани кон регионите Харкив, Херсон, Миколаив, Одеса и Суми, соопшти генералштабот на украинската војска, додавајќи дека биле соборени сите лансирани 35 дронови „шахед“.

    Во Киев се повредени најмалку пет цивили, додека во Одеса е запалено складиште со храна.

    Русија ги засилува нападите додека во Москва се подготвува парадата за Денот на победата, еден од најзначајните празници во Русија. Според украинската војска, Русите се надеваат дека ќе успеат да го освојат Бахмут до утре, откако платеничката група „Вагнер“ се откажа од најавите за повлекување бидејќи Москва ветила дека ќе ѝ испрати муниција.

    Сирени за воздушна тревога утрово се огласија во две третини од Украина, по што уследиле експлозии во јужните региони Херсон и Запорожје, каде што проруските власти наредија евакуација на 20-ина населени места.

    Во изминатите две недели зачестија и удари врз цели во окупираните делови на Украина, особено на Крим, што е опишано како уништување на непријателската инфраструктура во пресрет на најавената противофанзива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира