РУСИЈА ЛУТА ЗАШТО ПОЛСКА САКА ДА Ѝ ГО ВРАТИ СТАРОТО ИМЕ НА ЕНКЛАВАТА КАЛИНИНГРАД

    РУСИЈА ЛУТА ЗАШТО ПОЛСКА САКА ДА Ѝ ГО ВРАТИ СТАРОТО ИМЕ НА ЕНКЛАВАТА КАЛИНИНГРАДКалининград е стратешки важен за Русија зашто е дом на нејзината балтичка флота (Фото: Гети)

    Кремљ луто реагираше откако полско владино тело предложи преименување на руската енклава Калининград на брегот на Балтичкото Море. Полска смета дека градот и областа треба да се викаат Кроловјек, додавајќи дека одлуката да се отфрли наметнатото име е делумно резултат на руската инвазија на Украина.

    Оваа одлука се граничи со лудило и претставува непријателски чин. Знаеме дека Полска одвреме-навреме низ историјата лизнувала во вакво лудило од омраза кон Русија“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Стотици години пред Втората светска војна, областа била дел од Источна Прусија и позната како Кенигсберг, што на полски гласело Кроловјек. По војната, градот и пошироката област биле ставени под советска управа и преименувани во Калининград, според Михаил Калинин, еден од водачите на Болшевичката револуција. По распадот на Советскиот Сојуз, Калининград станал дел од Русија, како енклава сместена меѓу Полска и Литванија.

    Калининград е стратешки важен за Русија зашто е дом на нејзината балтичка флота.

    Полскиот комитет за стандардизација на географските имиња надвор од Полска предложи името на градот веднаш да се промени.

    Името Калининград историски нема никаква врска со градот и регионот и има негативен одек во Полска“, појасни комитетот.

    Калинин бил еден од потписниците на резолуцијата со која била наредена егзекуцијата на повеќе од 21.000 полски воени заробеници во 1940, за што Москва прво ја обвини Германија. Русија ја призна одговорноста за масакрот дури во 1990.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира