НЕ ДАВАМ ИЗЈАВА ЗОШТО НЕ ВИКНАВ НОВИНАРИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА ТРОТИНЕТИ ЗА РЕНТАЊЕ, ВЕЛИ НОВИОТ ДИРЕКТОР НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ ВО СКОПЈЕ

    НЕ ДАВАМ ИЗЈАВА ЗОШТО НЕ ВИКНАВ НОВИНАРИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА ТРОТИНЕТИ ЗА РЕНТАЊЕ, ВЕЛИ НОВИОТ ДИРЕКТОР НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ ВО СКОПЈЕДиректорот Михаил Петровски (лево) од пред еден месец е на чело на претпријатието, а пред тоа работел како стујард во „Визер“. (Фото: Градски паркинг)

    ЈП „Градски паркинг“ во Скопје во петокот попладне на својата фејсбук страна објави фотографии и куса информација дека стартувал проектот за изнајмување на електрични тротинети во Скопје, но нема никакви информации колку ќе чини еден час изнајмување и како ќе функционира проектот.  Во кусата објава на Фејсбук стои дека станува збор за 500 тротинети, но нема информации колку чинела нивната набавка.

    Новинари не беа поканети на промоцијата, која според објавените фотографии се одржала на паркингот кај Зоолошката градина.

    САКАМДАКАЖАМ.МК денеска го побара новиот в. д. директор на „Градски паркинг“ Михаил Петровски и го прашавме да ни каже како се набавени тротинетите, колку чинат, дали се набавени од средства на претпријатието или од градскиот буџет, како и да ни објасни што е суштината на проектот, но и зошто проектот е промовиран тајно, без да се поканат новинари на настанот.

    „Не можам да ви дадам денеска изјава“, ни одговори Петровски и рече дека сите информации ќе ги добиеме од понеделник.

    Петровски беше назначен за в. д. директор на „Градски паркинг“ на 12 април, откако градоначалничката Данела Арсовска тогашниот директор Крсте Петревски го стави да раководи со ЈСП „Скопје“. Петровски пред да дојде на раководната функција во „Градски паркинг“ бил стјуард на авикомпанијата „Визер“ во базата во Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира