Учесниците на релито на класични автомобили „Тур Амикал“ пристигнаа во Скопје и нивните возила денеска беа изложени во центарот на градот. „Тур Амикал“ е белгиски тур-оператор, специјализиран за натпреварувања со класични автомобили низ Европа и светот.
Оваа година, релито почна во Софија, од каде што учесниците дојдоа во Скопје, по што продолжуваат за Тирана и Црна Гора, а целта е во Дубровник.
Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ