Пратениците од Северна Каролина го отфрлија ветото на забраната на повеќето абортуси по 12 недели бременост. Мерката беше усвоена во мај од законодавниот дом на Северна Каролина, што го контролираат републиканците, на што демократскиот гувернер Рој Купер стави вето викендов.
Законот, со кој времето за дозволен абортус во оваа сојузна држава се намалува од 20 недели, ќе стапи на сила на 1 јули. Доколку само еден републикански пратеник гласаше против ветото, тоа ќе го сменеше исходот.
Официјално познат како Закон за грижа за жени, деца и семејства, тој беше усвоен во локалниот Сенат на 4 мај, ден откако помина во Претставничкиот дом. Сепак, гувернерот Рој Купер му се спротивстави на законот, велејќи дека „го запира напредокот и го уназадува женското здравје за 50 години“.
Овој закон го забранува абортусот по 12. недела, освен во случај на силување, инцест или медицински итни случај.