ПОЧИНА СЛИКАРОТ ТАКИ ПАВЛОВСКИ

    ПОЧИНА СЛИКАРОТ ТАКИ ПАВЛОВСКИПавловски има реализирано мноштво самостојни изложби во земјава и странство, учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии и е добитник на повеќе награди за сликарство, меѓу кои и Гран при на ДЛУМ, и Зимски салон и награда за сликарство „11 Октомври“. (Фото: ДЛУМ)

    Сликарот Таки Павловски почина на 84 години, соопшти Друштвото на ликовни ументици на Македонија (ДЛУМ).

    „ДЛУМ и македонската ликовна сцена изгубија голем сликар, мајстор во својот виртуозен ликовен идентитет. Последен пат се сретнавме на неговата монографија кој тој ја промовираше во Музејот на Град Скопје. Имаше ведар лик исполнeт со добрина и голема емпатија кон луѓето. Ќе го паметам и како близок пријател на моето семејство, ќе ги паметам нивните теми и разговори за егејските теми и патешествија“, објави на фејбук, претседателката на ДЛУМ, Јана Манева-Чупоска.

    Павловски е роден во 1939  во костурското село Желино. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964. Бил на студиски патувања во Будимпешта, Москва, Киев и Ленинград. Во 1975 престојувал во Париз како стипендист на француската Влада, а во 1995 и 1990 престојува во македонското ателје во Париз.

    Член е на ДЛУМ од 1967. Има реализирано мноштво самостојни изложби во земјава и странство, учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии и е добитник на повеќе награди за сликарство, меѓу кои и Гран при на ДЛУМ, и Зимски салон (1992) и награда за сликарство „11 Октомври“ (1998).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира