РУСИЈА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО БАХМУТ, ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ГРАДОТ Е ЦЕЛОСНО УНИШТЕН

    РУСИЈА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО БАХМУТ, ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ГРАДОТ Е ЦЕЛОСНО УНИШТЕНОсновачот на Вагнер Евгени Пригожин со своите борци во Бахмут. (Фото: Телеграм)

    Руската приватна армија Вагнер тврди дека го освоила украинскиот град Бахмут. Во видео објавено на Телеграм, основачот на Вагнер Евгени Пригожин, опкружен со дел од неговите борци, вели дека неговите трупи го контролираат целиот град.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во Јапонија на Самитот на Г7, кажа дека Бахмут е целосно уништен.

    „Штета, тоа е трагедија, но денеска Бахмут е останат само во нашите срца. Морате да разберете дека таму веќе нема ништо“, кажа Зеленски, одговарајќи на новинарско прашање за градот во источна Украина.

    Воените аналитичари велат дека градот има мала стратешка вредност за Москва, но неговото освојување е симболична победа за Русија, бидејќи станува збор за најдолгата и најкрвавата битка во војната во Украина досега.

    Нападот на градот го предводеше Вагнер, а Пригожин често го критикуваше руското министерство за одбрана дека не ги снабдува неговите борци со доволно муниција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира