ЏЕФ БЕЗОС СЕ СВРШИ СО ПОРАНЕШНАТА НОВИНАРКА ЛОРЕН САНЧЕЗ

    ЏЕФ БЕЗОС СЕ СВРШИ СО ПОРАНЕШНАТА НОВИНАРКА ЛОРЕН САНЧЕЗСанчез и Безос ја објавија врската во 2019. (Фото: Гети)

    Милијардерот и оsновач на „Амазон“ Џеф Безос се сврши со девојката Лорен Санчез, објави „Си-Ен-Ен“, додавајќи дека нема други информации за плановите за свадба.

    Безос (59) и Санчез (53), поранешна новинарка, а сега филантроп, ја објавија врската во 2019, но не откриваат детали од приватниот живот за јавноста.

    Лани, за „Си-Ен-Ен“, Безос рече дека „Лорен е најдарежливата личност што ја знае, со огромно срце и дека е вистинска инспирација“.

    Безос претходно беше 25 години во брак со Мекензи Скот, со која има четири деца. Санчез има три деца од претходни врски, а 13 години била во брак со холивудскиот агент Патрик Вајтсел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира