СО МАЈЧИН ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА КАКО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЕКСТЕРЕН ИСПИТ, ДЕНЕСКА ПОЧНУВА ПОЛАГАЊЕТО НА ДРЖАВНАТА МАТУРА

    СО МАЈЧИН ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА КАКО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЕКСТЕРЕН ИСПИТ, ДЕНЕСКА ПОЧНУВА ПОЛАГАЊЕТО НА ДРЖАВНАТА МАТУРАВториот ектерен испит ќе се полага на 10 јуни и повеќето матуранти го избрале англискиот јазик (Фото: СДК.МК)

    Првиот од двата екстерни предмета за државната матура, мајчин јазик и литература, 15.620 пријавени ученици ќе го полагаат денеска. Тестирањето почнува од 10 часот, ќе трае до 14 часот.

    Од овие пријавени ученици, 6.750 се од гимназиско образование, 8.598 од средно стручно образование и 272 од средно уметничко образование, соопшти Државниот испитен центар (ДИЦ).

    Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење, учениците екстерно полагаат два предмета, два интерно и проектна задача. Задолжителен испит за сите е мајчиниот јазик.

    Македонски јазик и литература ќе полагаат 10.768 кандидати, албански јазик и литература 4.380, а 357 турски јазик и литература.
    На 10 јуни во сите средни училишта ќе се полага вториот екстерен предмет. Матурантите од гимназиско образование и од средно стручно образование избираат помеѓу странски јазик и математика, а од музичките училишта помеѓу естетика и странски јазик. Учениците од средното уметничко училиште ќе изберат меѓу филозофија и странски јазик.

    И оваа година најмногу матуранти избрале да полагаат англиски јазик и тоа 13.922, вели ДИЦ. Француски јазик ќе полагаат 29 кандидати, Германски јазик 122, а Руски само 17 кандидати. Математика оваа година ќе полагаат 1.397 кандидати, Филозофија 7 и Естетика 81 кандидат.

    Ангажирани се 2.107 наставници како тестатори и околу 200 набљудувачи од повеќе образовни институции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира