ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС РАСПИША ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ПО ТЕШКИОТ ПОРАЗ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС РАСПИША ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ПО ТЕШКИОТ ПОРАЗ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ИЗБОРИОпозициските конзерцативци слават неочекувано голема победа на вчерашните избори (Фото: АФП)

    Шпанскиот премиер Педро Санчес распиша предвремени парламентарни избори на 23 јули, ден откако владејачката левичарска коалиција доживеа тежок пораз од опозициските конзерцативци на регионалните избори.

    „Иако вчерашните избори имаа локален и регионален карактер, исходот на гласањето пренесува поширока порака. Верувам дека е неопходно да одговориме и да го предадеме нашиот демократски мандат на волјата на народот“, изјави Санчес во ТВ-обраќањето.

    Санчес претходно кажа дека сака да го одработи својот мандат докрај и дека изборите ќе се одржат во декември. Неговите Социјалисти (ПСОЕ) и сојузникот Подемос изгубија многу на вчерашните избори, додека конзервативната Народна партија (ПП) и крајнодесничарската Вокс остварија подобри резултати од очекувањата. ПП би можела да ѝ одземе дури осум региони на ПСОЕ, што ќе зависи од успехот на преговорите со Вокс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира