КФОР ГО РАСТУРИ ПРОТЕСТОТ ВО ЗВЕЧАН, РЕЧИСИ 80 ПОВРЕДЕНИ, ОД КОИ ЕДЕН КРИТИЧНО

    КФОР ГО РАСТУРИ ПРОТЕСТОТ ВО ЗВЕЧАН, РЕЧИСИ 80 ПОВРЕДЕНИ, ОД КОИ ЕДЕН КРИТИЧНОКФОР соопшти дека во судирите се повредени и 25 негови припадници (Фото: Шатерсток)

    Речиси 80 луѓе се повредени откако КФОР го растури протестот пред општинската зграда во Звечан на северот на Косово, каде што Србите се обидоа да ги спречат новоизбраните албански градоначалници да ја преземат должноста во општините со мнозинското српско население. Тие беа избрани на неодамнешните локални избори, на кои што излегоа само 1.500 избирачи бидејќи Србите го испочитуваа повикот за бојкот.

    Блокади имаше и во Зубин Поток и Лепосавиќ, но тие поминаа мирно, додека во Звечан дојде до насилства и судири на демонстрантите со косовската полиција и КФОР.

    Најмалку 53 луѓе се здобија со различни повреди од шок-бомби, солзавци и удари. Тројца се задржани во болница, а еден од нив има прострелни рани и е во животна опасност“, изјави директорот на Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица, Златан Елек.

    КФОР соопшти дека во судирите во Звечан се повредени и 25 негови припадници, главно Италијанци и Унгарци, кои имаат скршеници и изгореници. Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека сакал да дојде до судир помеѓу Србите и КФОР, кој реагираше откако демонстрантите опколија три возила со косовските специјалци и со часови одбиваа да ги пуштат.

    Првите инциденти на северот на Косово избија во петокот, кога исто така беа употребени шок-бомби и солзавци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира