СРЕДНОШКОЛЦИТЕ КОИ ОДАТ НА ПРАКСА ЌЕ ИМААТ ПРАВО НА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНИОТ РАСПУСТ, ВЕЛАТ ОД ЈСП СКОПЈЕ

    СРЕДНОШКОЛЦИТЕ КОИ ОДАТ НА ПРАКСА ЌЕ ИМААТ ПРАВО НА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНИОТ РАСПУСТ, ВЕЛАТ ОД ЈСП СКОПЈЕПретходно, од Сојузот на средношколци кажаа дека поднеле иницијатива до Уставниот суд во врска со правото на бесплатен јавен превоз. (Фото: СДК.МК)

    ЈСП Скопје денеска објави дека учениците од средните училишта на Град Скопје кои ги исполнуваат условите ќе имаат можност да користат бесплатен превоз за време на претстојниот летен распуст.

    Од јавното претпријатие велат дека правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година,

    „Со почетокот на 2023 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука“, ја цитираат Програмата од ЈСП Скопје.

    Во вторникот, од Сојузот на средношколци кажаа дека поднеле иницијатива до Уставниот суд во врска со правото на бесплатен јавен превоз. Тие велат дека неколку категории средношколци немаат право на бесплатен јавен превоз, а меѓу нив ги наведоа и учениците од стручните училишта, кои посетуваат феријална практика во текот на распустите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира