ПОЧИНА ДАРКО ДИМОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИ

    ПОЧИНА ДАРКО ДИМОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИКолегите ќе го паметат како голем борец за работничките права. - Од протестот за 1 Мај годинава. (Фото: К. Попов)

    По кусо боледување, почина Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), соопшти Синдикатот. Имаше 45 години.

    „Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија“, вели ССМ.

    Димовски беше избран за претседател на ССМ во декември 2017, а претходно беше претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ).

    Погребот ќе биде утре, на 12 јуни, во 13 часот, а од 12 часот посмртните останки ќе бидат во капела на градските гробишта Бутел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира