Најмалку тројца луѓе загинаа, а 13 се повредени во денешниот руски ракетен напад на Одеса, објави украинската војска. Според локалните медиуми, градот бил нападнат со четири проектили „калибр“, испукани од брод во Црното Море, од кои два биле соборени.
„Еден проектил погоди складиште на трговски центар, при што загинаа тројца работници, а седуммина се повредени“, објави киевската телевизија „Еден плус еден“.
Ова следува ден по ракетниот напад на родниот град на Володимир Зеленски, Криви Рих, при што загинаа 12 цивили, откако беше погодена и станбена зграда.