БЛИНКЕН ИМА ЦВРСТИ ДОКАЗИ ЗА КОРУПЦИЈА НА РАМИЗ МЕРКО, КАЖА КООРДИНАТОРОТ ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ РИЧАРД НЕФЈУ

    БЛИНКЕН ИМА ЦВРСТИ ДОКАЗИ ЗА КОРУПЦИЈА НА РАМИЗ МЕРКО, КАЖА КООРДИНАТОРОТ ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ РИЧАРД НЕФЈУНа 10 март Нефју, придружен од амбасадорката Анџела Агелер, се сретна со претседателот Стево Пендаровски (Фото: Претседателски кабинет)

    Ставањето на долгогодишниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко од ДУИ на црната листа на Соединетите Американски Држави, според координаторот за антикорупција на Стејт департментот Ричард Нефју е поради постоење цврсти докази за негова корумпираност.

    Ако државниот секретар на Стејт Департментот има веродостојни информации што укажуваат на вмешаност во значителна корупција, тој треба да наметне ограничувања за виза. И така, од гледна точка на законот, од нас се бара да дејствуваме кога тие информации се достапни“, изјави Нефју за албанската редакција на Гласот на Америка.

    Ричард Нефју вели дека означувањата имаат цел да ја покажат поддршката на САД за владеењето на правото и напорите за борба против корупцијата низ целиот свет.

    „Секогаш кога зборувате за нешто што вклучува визни ограничувања или санкции, секогаш ќе има прашања за ефикасноста. Мислам дека во голема мера, сепак, успеавме да покажеме значајни резултати во однос на помагањето на актерите на граѓанското општество и другите дека тие не се сами. И дека кога се соочуваат со корумпирани актери, имаат поддршка и имаат поддршка од меѓународната заедница“, рече тој.

    Нефју додаде дека не прави разлика дали санкциите се однесуваат на поранешен или сегашен функционер.

    „Повторно, дел од причината зошто ги правиме овие работи е да ги поддржиме актерите од граѓанското општество, да ги поддржиме оние кои се обидуваат да бараат одговорност од корумпираните актери“, кажа американскиот координатор за корупција.

    Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар за Гласот на Америка кажа дека се надева оти ова ѝ помага на владата во Северна Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата.

    Стејт департментот вчера соопшти дека додека ја извршувал функцијата градоначалник на Струга, Мерко „присвоил средства и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери во Северна Македонија“.

    „Денешната акција испраќа порака дека САД ја поддржуваат Северна Македонија во поттикнувањето на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и справување со недостатоците во владеењето на правото. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

    Лани САД ги ставија на црна листа пранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков заради нивна вмешаност во „значителна корупција“.

    „Нивните постапки ги поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја намалија вербата на јавноста во нивните влади“, изјавија тогаш САД.

    Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот ги санкционираше и членовите на нивните потесни семејства, кои добија забрана за влез во Америка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира