ПУТИН ГО ОБВИНИ ПРИГОЖИН ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО ОТКАКО БОРЦИТЕ НА „ВАГНЕР“ ГО ЗАЗЕДОА РОСТОВ НА ДОН

    ПУТИН ГО ОБВИНИ ПРИГОЖИН ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО ОТКАКО БОРЦИТЕ НА „ВАГНЕР“ ГО ЗАЗЕДОА РОСТОВ НА ДОНОклопни возила на „Вагнер“ се на улиците на Ростов на Дон (Фото: Твитер)

    Владимир Путин изјави дека некои Руси со измама биле вовлечени во криминална авантура, без да ги спомне борците на платеничката група „Вагнер“, кои денеска упаднаа во рускиот град Ростов на Дон и се заканија со соборување на раководството на руската војска.

    Иднината на Русија е загрозена. Големите амбиции на некои поединци резултираа со велепредавство“, кажа Путин во телевизиското обраќање и ги опиша акциите на бунтовниците како забивање нож во грб.

    Тој порача дека оние кои го делат руското општество неизбежно ќе бидат казнети, додавајќи дека во Москва и во неколку други региони е воведен антитерористички режим.

    Ова уследи откако Евгени Пригожин и неговите борци од „Вагнер“ преминаа од Украина во Русија и упаднаа во Ростов на Дон, за кој тврдат дека е под нивна контрола. Иако Пригожин вели дека не станува збор за пуч, руските власти го обвинија за вооружена побуна.

    Издадени се сите неопходни наредби за справување со кризата. Ќе сторам сè што е во мојата моќ да ја одбранам Русија“, кажа Путин, кој во ниеден момент од своето кратко обраќање не ги спомна Пригожин и „Вагнер“.

    Пригожин ги повика министерот за одбрана Сергеј Шојгу и шефот на руската војска Валери Герасимов да дојдат на средба во Ростов на Дон, во спротивно ќе тргне на Москва со своите 25.000 борци. Тој тврди дека неговите сили ги држат сите воени објекти и аеродромот во Ростов на Дон, при што објави видеоснимка од локалното седиште на руската војска.

    Без да изнесе докази, Пригожин ја обвини руската војска дека извела смртоносен ракетен напад на неговите трупи и вети дека ќе се одмазди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира