ПУТИН ПОТВРДИ ДЕКА РУСКИ ПИЛОТИ ЗАГИНАЛЕ ВО ПОБУНАТА НА „ВАГНЕР“

    ПУТИН ПОТВРДИ ДЕКА РУСКИ ПИЛОТИ ЗАГИНАЛЕ ВО ПОБУНАТА НА „ВАГНЕР“Пригожин тврди дека со побуната не сакале да го соборат Путин (Фото: АП)

    Владимир Путин првпат потврди дека руски пилоти загинале во побуната на „Вагнер“. Во синоќешното обраќање преку државната телевизија, што беше негово прво појавување во јавност од саботата, Путин ги потврди претходните извештаи од социјалните мрежи дека силите на „Вагнер“ собориле руски авион за време на борбите.

    Непријателите на Русија сакаа да ја видат земјата како се гуши во крвави граѓански судири. Храброста и самопожртвуваноста на паднатите пилоти-херои ја спасија Русија од уништувачки последици“, кажа Путин, додавајќи дека побуната го загрози опстанокот на Русија и најави дека нејзините организатори ќе бидат казнети.

    Нема официјална информација колку пилоти загинале и колку воени летала биле соборени.

    Некои руски канали на Телеграм кои ги следат активностите на руската војска, вклучувајќи го блогерот Рибар, кој има над милион претплатници, во саботата известија дека 13 руски пилоти загинале за време на побуната. Меѓу соборените летала биле три хеликоптери „ми-8 МТПР“ и еден авион „ил-18“.

    Шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, во саботата кажа дека биле принудени да соборат руски хеликоптер, а на социјалните мрежи се појави снимка од падот на еден авион.

    И Пригожин вчера се огласи преку 11-минутна аудиопорака, без да открие каде точно се наоѓа. Тој тврдеше дека со побуната не сакале да го соборат Путин, туку да го спречат уништувањето на „Вагнер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира