ПРИГОЖИН Е ВО БЕЛОРУСИЈА, САКАМЕ ДА УЧИМЕ ОД БОРЦИТЕ НА „ВАГНЕР“, КАЖА ЛУКАШЕНКО

    ПРИГОЖИН Е ВО БЕЛОРУСИЈА, САКАМЕ ДА УЧИМЕ ОД БОРЦИТЕ НА „ВАГНЕР“, КАЖА ЛУКАШЕНКОЛукашенко му ветил на Путин дека Пригожин ќе биде безбеден во Белорусија (Фото: ДПА)

    Александар Лукашенко потврди дека шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, се наоѓа во Белорусија, каде што му беше дозволено да замине по побуната во саботата. „Вагнер“ го запре маршот кон Москва согласно договорот што го издејствувал Лукашенко со дозвола од Путин.

    Како што беше ветено од претседателот Путин, на Пригожин му се дадени безбедносни гаранции. Пристигна со авион денеска и се наоѓа во Белорусија. Тој ќе остане во земјата на сметката на ‘Вагнер‘“, кажа Лукашенко.

    Путин прво го обвини Пригожин за предавство, за потоа да му дозволи да замине во Белорусија. Во синоќешното телевизиско обраќање, Путин најави дека ќе им се суди на организаторите на побуната, но утрово беше објавено дека руските власти ја затвориле истрагата и ги отфрлиле сите обвиненија против учесниците, вклучувајќи го и Пригожин, иако во саботните судири загинале повеќе од десет руски пилоти.

    Руското министерство за одбрана објави дека се вршат подготовки за разоружување на „Вагнер“, чии припадници добија три опции од Путин: да заминат во Белорусија, да потпишат договор со министерството за одбрана или да се вратат кој своите семејства.

    Лукашенко кажа дека во земјата не се градат кампови за борците на „Вагнер“, но тие ќе бидат сместени некаде ако сакаат.

    Согласно договорот со Москва, на борците на ‘Вагнер‘ ќе им биде дозволен егзил во земјата. Им ја понудивме една од нашите напуштени воени бази. Сакаме да ги сослушаме искуствата на ‘Вагнер‘ од војната и да учиме од нив. Тоа е бесценето. Нема потреба луѓето да се плашат од нивното присуство во земјата, ќе ги држиме на око“, кажа Лукашенко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира