Верници заедно со челниците на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денес протестираа против донесување Закон за матична евиденција и Закон за родова еднаквост, во дворот на соборната црква „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На, како што беше најавен, сенародниот собир „Имаме должност“ присуствуваа поглаварот на МПЦ-ОА, Г. г. Стефан, заедно со членовите на Синодот, бискупот на Католичката црква во Македонија, Киро Стојанов. Говорник покрај поглаварот Стефан пред присутните беше и академик Катица Ќулавкова.
„Собрани сме за да му кажеме да на животот, за ја возгласиме светоста на семејството оформена од еден маж и една жена, да кажеме дека ќе ги бранивме децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Цркавата не протестира против некоја личност и не отфрла никого.Секуларно општество не значи и безбожно општество. Ние немаме ништо против секуларниот менталитет, но се прашуваме дали тоа значи да се изопшти црквата од општествениот живот. Свесни сме за плановите, намерите и желбите на организиции и движења кои до таа мера зајаканаа нашето општество што некои од нив навлекоа во државните институции, па и закони ни пишуваат. Закони, како оние два нејсреќни закони за родова еднаквост и матична евиденција, кои насилно и спортивно на нашата волја целат да ја секуларизираат црквата и да ја присилат да зборува на јазикот на некој светски поредок кој е туѓ на словото и духот на апостолите, на светите оци и на светото евангелие“, рече Г. г. Стефан.
Тој рече дека со овие закони „ни се наметнува зборот род кој не носи ништо добро“ и дека под плаштот на заштита, всушност, со овие закони „се загрозува жената како столб на семејството“.
„Велат дека ќе ја ослободат жената од стегите на црквата, а ја сведуваат на поткатегорија, изедначувајќи ја со мажи кои никогаш нема да бидат жени во вистинска смисла на зборот. И токму на тој начин му даваат легитимент на насилството врз жената. Жените во Македонија не сакаат таква лажна еднаквост и такви лажни права. Не сакаат да бидат ослободувани од цркавата оти токму во цркавата ја живеат својата вистинска слобода“, рече поглаварот на МПЦ-ОА.
Тој праша до кога деца ќе учат од учебници диктирани од туѓи држави и туѓи центри и наведе дека изминативе години се спроведуваат реформи во образовниот процес за родово образование кои треба да кулминираат за сексуално образование.
Протестот на МПЦ-ОА, што го поддржа и Исламската верска заедница (ИВЗО е против носење на два закона – на измените на Законот за матична евиденција и на Законот за родова еднаквост.
Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска рече дека Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста на трансродово лице да може да ја смени ознаката во матичниот број онаму каде што се обележува родот, а Законот за родова еднаквост се фокусира на унапредување на положбата на жените во општество.
Тренчевска рече дека за Законот за матична евиденција Владата во март 2022 на седница донесе одлука да се повлече од собраниска процедура, за да се прошири консултативниот процес и да се изнајде решение кое ќе одговара на сите засегнати чинители во општеството.
На Законот за матична евиденција со кој ќе може трансродовите лица да го сменат родот во матичниот број со нотарска изјава, без услови дека мора првин да сменат пол, и со висока заштита од злоупотреби, еднакво силни противници се и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, што значи тој сè уште е осуден на пропаст. Но, во пресудата што ја доби лицето Икс против Македонија на Судот за човекови права во Стразбур, главната обврска е државата да донесе таков закон и овие 20-ина наши сограѓани да почнат да ги уживаат човековите права кои сега не им се достапни. Кога-тогаш државата мора да ги донесе овие закони. Сеопфатен Закон за матична евиденција, како што пишуваше САКАМДАКАЖАМ.МК ќе се носи на крајот на 2024 година, тој уште се работи. Така, сите ад хок закони на теми лица без лични документи, трансродови лица и друго, ќе бидат решени со тој огромен закон.
Министерката Тренчевска кажа дека Законот за родова еднаквост ја унапредува положбата на жените во сите сфери на општественото живеење и што треба да направи државата за да ја унапреди положбата на жените во општеството. Како што рече, со Законот за родова еднаквост ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови. Tаа кажа дека се наравени 18 јавни дебати за Предлог-законот за родова еднаквост. Законот сѐ уште е во консултативен процес, не е ниту во собраниска, ниту во владина процедура.
Министерката потсети дека родовата еднаквост не е исто што и половата еднаквост: „Поимот род и пол не е исто што и родов идентитет. Тое се дефинирани согласно постојната законска регулатива во државата и согласно она што државата го презела како обврска од Истанбулската конвенција, идентични се дефинициите во Предлог-законот за родова еднаквост со Законот за заштита и спречување од насилство врз жените, правна несигурност во државата ќе постои ако имаме различни дефиниции во различни закон“, кажа Тренчевска.
Според министерката, проблемот настанал со спојувањето на овие два закони. Како што рече, станува збор за два различни закони кои третираат различна проблематика.
„За Законот за измени и дополнување на Законот за матична евиденција, Владата во март 2022 на седница донесе одлука да се повлече од собраниска процедура, за да се прошири консултативниот процес и да се изнајде решение кое ќе одговара на сите засегнати чинители во општеството“, рече Тренчевска.