АРСОВСКА ПАК РАЗРЕШИ ДИРЕКТОР, ОД ДЕНЕС СО „УЛИЦИ И ПАТИШТА“ ЌЕ РАКОВОДИ ЌАМИЛ КОВАЧИ ЕКСДИРЕКТОР НА ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА ВО БАРДОВЦИ

    АРСОВСКА ПАК РАЗРЕШИ ДИРЕКТОР, ОД ДЕНЕС СО „УЛИЦИ И ПАТИШТА“ ЌЕ РАКОВОДИ ЌАМИЛ КОВАЧИ ЕКСДИРЕКТОР НА ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА ВО БАРДОВЦИЌамил Ковачи е од т. н. огнено крило на ДУИ од Општина Сарај и беше разрешен од директор на Психијатриската болница кога во Владата влезе партијата Алијанса за Албанците. (Фото: Град Скопје)

    Градоначалничката Данела Арсовска пак разреши директор на јавно претпријатие кое е под нејзина надлежност. Од функцијата директор на ЈП „Улици и патишта“ е разрешен директорот Саит Саит, само два месецa откако му додели менаџерски договор на 4 години. Тоа значи дека сега Градот треба да му плаќа оштета од неколку директорски плати.

    За нов в. д. директор е назначен Ќамил Ковачи, кој доаѓа од т. н. огнено крило на ДУИ од Општина Сарај. Ковачи до пред неколку месеци беше директор на Психијатриската болница во Бардовци, а беше разрешен од функцијата кога во Владата влезе партијата Алијанса за Албанците.

    Од кабинетот на Арсовска не кажуваат зошто е разрешен Саит, кога пред два месеца му беше даден менаџерски договор. Од Градот само  велат дека градоначалничката продолжува да работи во интерес на граѓаните, навремено, квалитетно и транспарентно.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира