Кралот на Холандија формално се извини за улогата на неговата земја во трговијата со робови, велејќи дека се чувствува „лично и силно“ погоден. Земјата стана голема колонијална сила по 17 век, со освоени територии низ целиот свет, а холандските трговци со робови тргуваа со повеќе од 600.000 луѓе. Кралот Вилем-Александар денеска оваа практика ја нарече „хорор“. Кралското семејство не стори ништо за да го спречи тоа, рече тој.
Кралот зборуваше на настан по повод 160-годишнината од укинувањето на ропството во земјата – не беше јасно пред настанот дали кралот ќе се извини за улогата на кралското семејство во таа практика. Во јуни, нова студија откри дека холандските владетели добиле еквивалент на 545 милиони евра во денешни пари помеѓу 1675 и 1770 година од колониите каде што се спроведувало ропство.
Во говорот во Амстердам, кралот Вилем-Александар призна дека „монарсите и владетелите од лозата Орање не презеле никакви чекори против ропството“.
„Денес стојам овде пред вас како ваш крал и како дел од владата. Денеска се извинувам“, рече тој. „Денеска барам прошка за кристално чистиот факт дека не се дејствувало“.
Придружуван од сопругата, кралицата Максима, кралот призна дека не може да зборува во име на целата нација, но рече дека „огромното мнозинство“ холандски граѓани „ја поддржуваат борбата за еднаквост на сите луѓе, без разлика на бојата или културното потекло“.
„По признанието и извинувањето, можеме да работиме заедно на исцелување, помирување и обновување“, додаде кралот.
Неговиот говор доби овации од присутните на фестивалот Кети Коти – годишното одбележување за укинувањето на ропството.
Во текот на 17 век, Холандија освои големи делови од територијата во регионите кои сега ги сочинуваат Индонезија, Јужна Африка, Курасао и Западна Папуа, и стана клучен играч во трансатлантската трговија со робови. Илјадници луѓе биле тргувани од Африка во холандски колонии на Карибите и Јужна Америка – што изнесува околу 5% од целата трансатлантска трговија со робови – пред оваа практика да биде забранета во 1863 година. Но, во африканската нација Суринам продолжи во текот на задолжителниот 10-годишен преоден период. Холандија генерираше огромно богатство од трговијата со робови, а само во западната провинција Холандија, како што покажа студијатА на Холандскиот Истражувачки совет, 40% од економскиот раст помеѓу 1738 и 1780 година може да се припише на трговијата со робови.
Минатата година, и премиерот Марк Руте се извини за историската улога на земјата во трговијата со робови, велејќи во говорот во Хаг дека таа мора да биде препознаена „најјасно“ како „злосторство против човештвото“. И неколку холандски градови, меѓу кои ги Амстердам и Ротердам, се извинија за нивната улога во трговијата. Но, на земјата ѝ требаше долго време за да се осврне на своето колонијално минато и дури во 2006 историјата на холандското ропство беше додадена на училишната програма.