СЕЛАНИТЕ ОД МИЛИНО ВО ОВЧЕ ПОЛЕ ПРОТЕСТИРААТ ОТИ ТЕШКИТЕ КАМИОНИ КОИ ПРЕВЕЗУВААТ ЖИТО ИМ ГО УНИШТИЛЕ ПАТОТ

    СЕЛАНИТЕ ОД МИЛИНО ВО ОВЧЕ ПОЛЕ ПРОТЕСТИРААТ ОТИ ТЕШКИТЕ КАМИОНИ КОИ ПРЕВЕЗУВААТ ЖИТО ИМ ГО УНИШТИЛЕ ПАТОТСеланите се жалат дека по нивниот пат минуваат шлепери од по 50 тони (Фото: СДК.МК)

    Жителите на селото Милино ги блокираа локалните патишта кои водат кон Лозово и Каратманово. Тие денеска ќе бидат таму до 19 часот. Причината за незадоволството е лошиот пат, кој бил уништен од тешките возила кои таму сообраќаат.

    „По овој локален пат минуваат шлепери од по 50 тони. Транспортираат жито, а дозволена носивост е седум тони. Ова се случува откако започна жетвата. Патот се уништи за кратко време, а тој ни е излез кон светот. И ние имаме жито за продавање, но не можеме да си дозволиме поради него да немаме пат. Знаеме каква е постапката и колку време ќе мине додека ни го поправат“, велат жителите на Милино, лоцирано во Општина Лозово.

    Тие најавуваат дека ќе продолжат со блокадата на патот, а со тоа ќе биде сопрен и транспортот на ожнеаното жито од овој дел на Овчеполието.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира