РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА ОДБИЛА УКРАИНСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ НА МОСКВА, ПОРАДИ КОЈ БИЛ ЗАТВОРЕН АЕРОДРОМОТ „ВНУКОВО“

    РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА ОДБИЛА УКРАИНСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ НА МОСКВА, ПОРАДИ КОЈ БИЛ ЗАТВОРЕН АЕРОДРОМОТ „ВНУКОВО“Полетувањата и слетувањата на аеродромот биле во прекин неколку часа (Фото: Гети)

    Русија кажа дека Украина утрово лансирала напад со дронови на Москва и околниот регион, што довело до нарушување на авиосообраќајот на еден од главните аеродроми во градот. Руските медиуми објавија дека најмалку три дрона биле пресретнати на небото над московскиот регион, од кои два на само 30 километри од Кремљ. Еден дрон бил забележан во соседниот регион Калуга.

    Полетувањата и слетувањата на аеродромот „Внуково“ биле во прекин неколку часа, пред да продолжи нормално да функционира. Одреден број авиони биле пренасочени на други аеродроми.

    Полетувањата и слетувањата на аеродромот привремено беа во прекин утрово поради технички причини кои беа вон контрола на аеродромот“, соопшти Федералната агенција за авиосообраќај.

    Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека нападот бил одбиен од противвоздушната одбрана и немало жртви. Еден дрон бил соборен близу градот Кубинка, каде што е сместена воена воздушна база, а два кај селото Валуево, оддалечено само 30 километри од Кремљ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира