УСТАВНИОТ СУД ВРЕМЕНО ГО ЗАПРЕ ИЗДАВАЊЕТО ИЗВОДИ СО ГРАФА ЗА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

    УСТАВНИОТ СУД ВРЕМЕНО ГО ЗАПРЕ ИЗДАВАЊЕТО ИЗВОДИ СО ГРАФА ЗА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТПостапката се поведува поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник. (Фото: СДК.МК)

    Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење на матични книги во врска со воведувањето графа за етничка припадност и донесе времена мерка за неиздавање на овие документи. Постапката се поведува поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник.

    Министерот за правда Кренар Лога го потпишал Упатството на 29 мај, а во Службен весник е објавено на 15 јуни. Лога присуствуваше на денешната седница на Уставниот суд и по ваквата одлука кажа дека е вистина дека не е испочитуван уставниот рок од Секретаријатот за законодавство и Службен весник, но оти тоа не е направено од негова страна.

    Тој вели дека такви пропусти имало во минатото во сите службени весници и додаде дека Уставниот суд на овој начин ја отвора Пандорината кутија.

    Кога го потпиша Упатството, Лога кажа дека додавањето на ваква графа во изводите е со цел да се избегнат злоупотребите по етничка основа при пријавување на работа на конкурси за вработување во јавниот сектор.

    Потоа, на прес-конференција, Лога кажа дека ќе направи ново Упатство и дека одлуката на Уставниот суд е „купување време“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира