Германија распореди три противвоздушни системи „патриот“ во Вилнус за да го чуваат небото за време на претстојниот самит на НАТО. Тие утрово беа ставени во состојба на борбена готовност, четири дена пред почетокот на самитот.
Со овие системи и со 250 војници, германските воздушни сили ја преземаат заштитата од балистички проектили, летала и крстосувачки ракети.
Алијансата се реши за засилени безбедносни мерки, иако не постојат конкретни назнаки дека би можело да има напад.
Системите „патриот“ се поставени на аеродромот во Вилнус, главниот град на Литванија, оддалечен околу 160 километри од руската енклава Калинград и само 30 километри од Белорусија.