ЈАВНИОТ СЕКТОР ЌЕ ДОБИЕ ПОКАЧУВАЊЕ ЗА 10 ОТСТО И К-15 ОД 10 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, СЕ ДОГОВОРИЈА ВЛАДАТА И СИНДИКАТИТЕ

    ЈАВНИОТ СЕКТОР ЌЕ ДОБИЕ ПОКАЧУВАЊЕ ЗА 10 ОТСТО И К-15 ОД 10 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, СЕ ДОГОВОРИЈА ВЛАДАТА И СИНДИКАТИТЕВицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд Јованка Тренчевска со претставниците на синдикатите на вчерашниот состанок. (Фото: МТСП)

    Вработените во јавниот сектор од септември ќе добијат повисоки плати за 10 отсто, а до декември и исплата на по 10 илјади денари К-15 за 2023, сооопшти Владата.

    Ова е решение кое го постигнале на вчерашниот состанок со синдикатите во земјава, а ќе биде доставено до Економско-социјалниот совет, каде во текот на наредните денови се очекува да биде усвоено.

    Покрај ова постигнат е и договор за системско покачување на платите во јавниот сектор, преку методологија која ќе го реши овој децениски проблем. Новата методологија за пресметка на плати во јавниот сектор, која ќе биде дел од општиот колективен договор, ќе се добива од просечната плата помножена со коефициент и ќе се пресметува од март 2025 година.

    „Со ова, по 17 години ќе се донесе нов Општ Колективен договор со кој се внесува системско решение за платите во јавниот сектор кое ќе гарантира раст на платите беа политички калкулации. Во општиот колективен договор, според вчерашниот договор, ќе биде дефинирана и исплата на минимум износ на регрес за годишен одмор во износ од 30% од просечната нето плата“, вели Владата.

    Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави дека од 2024 година К-15 ќе изнесува најмалку 30 % од висината на просечната плата од изминатата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира