РОМАНСКАТА ОПЕРСКА ДИВА ГЕОРГИУ СО ОРКЕСТАРОТ НА НОБ ВЕЧЕРВА ГО ОТВОРААТ 63. ОХРИДСКО ЛЕТО

    РОМАНСКАТА ОПЕРСКА ДИВА ГЕОРГИУ СО ОРКЕСТАРОТ НА НОБ ВЕЧЕРВА ГО ОТВОРААТ 63. ОХРИДСКО ЛЕТООперската дива Анџела Георгиу со директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ. (Фото: Охридско лето)

    Романската оперска пејачка Анџела Георгиу, за која критичарите велат дека е една од најголемите сопранистки на сите времиња, вечерва ќе го отвори 63. издание на Охридско лето. Во Античкиот театар Георгиу ќе настапи со Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ), под диригентство на Чипријан Теодорашку од Романија. На програмата се дела од Верди, Чилеа, Пучини, Хачатуријан, Бизе, Прокофјев, Гуно, Каталани, Брамс, Де Куртис.

    Георгиу се вбројува меѓу најдобрите изведувачи во историјата на операта, со исклучителен вокал и техника.

    „Од 12 јули до 20 август љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 34 концерти и седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. На фестивалските сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје на ‘Св. Софија’, Црквата ‘Св. Софија’ и Центарот за култура, ќе пречекаме над 1.000 уметници од над 20 земји од светот, Србија, Чешка, Италија, Словенија , Полска , Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, и секако, уметници од Република Северна Македонија, вели директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ.

    На програмата на 26 јули е и претстава на американскиот и холивудски актер, продуцент и режисер Џон Малкович, кој доаѓа со проектот во режија на Михаел Штурмингер „Вечер на Џон Малкович“ во придружба на сопраните Чен Реис и Сузан Лангбеин и Оркестарот на Виенската академија.

    Затворањето е на 20 август, со претставата „Лагата“’ на Београдско драмско позориште, со српската ѕвезда Милош Биковиќ во главната улога.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира