ЛИЦАТА СО ДИЈАБЕТЕС УТРЕ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОТИ СО МЕСЕЦИ СЕ ОСТАВЕНИ БЕЗ ТЕРАПИЈА

    ЛИЦАТА СО ДИЈАБЕТЕС УТРЕ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОТИ СО МЕСЕЦИ СЕ ОСТАВЕНИ БЕЗ ТЕРАПИЈАДиме Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, на средбата со министерот Фатмир Меџити на 4 јули. (Фото: Министерство за здравство)

    Лицата со дијабетес утре (19 часот) ќе протестираат пред Министерството за здравство, затоа што со месеци се оставени без терапија, вели Сојузот на здруженијата на дијабетичари на Македонија. Диме Велев, претседател на Сојзуот, вели дека поминаа сите рокови и дека се излажани 150 илјади граѓани, или 45 илјади лица со дијабетес на инсулин.

    Седум месеци лицата со дијабетес на инсулин не добиваат ленти и глукомери. Тие се составен дел од животот на секој пациент кој има дијабет тип 1 и мора да го мерат шеќерот во крвта по пет пати на ден. За лицата со тип 2, тие вршат до две мерења во текот на денот. Овие ленти и глукомери се потребни за пациенти да знаат каква храна да јадат и колку пати на ден.

    „Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и антидијабетна терпаија, Благодариме. Но, не ја добиваме!. Зошто?“, се вели во сооопштението за протестт.

    Велев додава дека протестот е предупредувчки и мирен, за безбеден и квалитетен живот на лицата со дијабетес. Тие се оградуваат од какви било други ознаки, присвојувања и обиди за негова инволвиораност во меѓу партиски, политички и други видови пресметки.

    „Ако не го контролирам внесот за храна, доколку имам висок шеќер во крвта може да се развијат компликации, невропатски, кардиоваскуларни заболувања, ретинопатски промени. Тие доведуваат до слепило, мозочни и срцеви удари. И во период од повеќе од половина година кога нема глукомер или лента, како јас да го контролирам моето здравје. Имам пензија од 13 илјади денари а што попрво со неа да купам, дали летни, дали храна или да платам комуналии“, вели велешанка, која со овој проблем се судрува од почетокот на годинава.

    Преку програма, глукомерите и лентите ги обезбедува Министерството за здравство.

    „За жал, овие глукомери и ленти кои ги обезбедува државата ги нема во аптеката. Има такви кои се плаќаат приватно. Има лица кои се боцкаат и по пет пати на ден и од каде средства за да се купат толку многу, месечно над три илјади денари е тој трошок“, вели друг пациент со дијабетес.

    Нема ниту преддијабетна терапија за лица кои имаат развиено компликации, со срцев удар, со кардиоваскуларни проблеми, со стентови, со мозочен удар. Тие примаат дополнителна терапија за дијабетес, која исто така со месеци ја нема.

    Министерот за здравство Фатмир Меџити, на средбата со Здружението на 4 јули, вината ја лоцираше во доцнењето на тендерите за јавни набавки.

    „Имало некое задоцнувањето во тендерирањето на јавните набавки. Не знам што било конкретно, но ги презедовме сите мерки да не се повтори, да не се случува пак. Работиме да ги поставиме работите по постулати, а не по волја на министерот, јас или тој што ќе дојде по мене, тендерите да бидат објавени на време“, рече министерот Меџити.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира