КИНА ГО СМЕНИ ЧЈИН ГАНГ ОД МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ПО САМО 7 МЕСЕЦИ НА ФУНКЦИЈАТА

    КИНА ГО СМЕНИ ЧЈИН ГАНГ ОД МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ПО САМО 7 МЕСЕЦИ НА ФУНКЦИЈАТАЧјин се сертна со амриканскиот колега Блинкен во Пекинг на 18 јуни, а исчезна од јавност пред еден месец. (Фото: АП)

    Кина го смени Чјин Ганг од функцијата министер за надворешни работи помалку од седум месеци откако беше назначен на функцијата. Чјин се сметаше за близок соработник на претседателот Шји Џинпинг. Тој е заменет со ветеранот шеф за надворешни работи на Комунистичката партија, Ванг Ји.

    Продолженото исчезнување на Чјин од очите на јавноста – и официјалниот молк околу тоа – поттикна жестоки шпекулации. Последните познати јавни ангажмани на 57-годишниот Чјин беа на 25 јуни. Не беше наведена причина за неговото отстранување.

    Тој беше назначен од кинескиот лидер на оваа функција минатиот декември. Пред нешто повеќе од еден месец, тој се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Пекинг додека двете страни се обидуваа да ги обноват дипломатските контакти на највисоко ниво. Сонеговото заминување завршува неколкунеделна конфузија, но остава неодговорени многу прашања.

    „Највисокиот законодавен дом на Кина гласаше за именување на Ванг Ји за министер за надворешни работи“, објави државната новинска агенција Хсинхуа. „Чјин Ганг беше отстранет од функцијата министер за надворешни работи“.

    Во извештајот се вели дека претседателот Шји го потпишал указот со кој се овластува овој потег. Пратениците, исто така, гласаа за смена на шефот на Централната банка на Кина во заминување Ји Ганг – кој наполни возраст за пензионирање – со економистот Пан Гонгшенг, додаде Хсинхуа.

    Според системот на кинеската Комунистичка партија, надворешната политика ја формулира функционер на високо ниво, кој потоа го упатува на министерот за надворешни работи да ја спроведе.

    Ванг Ји, дипломат од кариера кој зборува јапонски, се враќа на функцијата што ја извршуваше помеѓу 2013 и 2022. Набљудувачите го гледаат назначувањето на Ванг (69) како потег за стабилизирање на кинеската дипломатија.

    Чјин Ганг беше едно од најпознатите лица на кинеската влада. Неговото продолжено отсуство беше под лупа не само од дипломатите и кинеските набљудувачи, туку и од обичните Кинези. Кога пред еден месец исчезна од своите вообичаени должности и не присуствуваше на самитот во Индонезија, краткото официјално дадено објаснување беше неодредени здравствени проблеми. Но, немањето никакви детали од неговото министерство доведе до шпекулации дека тој е казнет или од политички причини или поради вонбрачна афера. Неговиот состанок со шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, првично закажан за 4 јули, потоа беше одбиен од Кина без објаснување, што дополнително ги подгреа гласините.

    Прашана каде се наоѓа Чјин, денеска пред веста за неговата смена портпаролката на министерството ја повтори нејзината претходна изјава дека нема информации – што ја нагласува тајноста на Кина и непроѕирноста на систем на владеење.

    Чјин е еден од највисоките функционери во Кинеската Комунистичка партија кој отсуствувал толку долго. Но, не е невообичаено личностите од висок профил во Кина да отсутвуваат од јавноста долго време, за подоцна да се појават како предмет на кривична истрага. Или би можеле повторно да се појават без објаснување. Самиот Шји Џинпинг исчезна цели две недели непосредно пред да стане лидер на Кина во 2012, што поттикна шпекулации за неговото здравје и можни борби за моќ во партијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира