ИЗБОДЕН СО НОЖ НАЧАЛНИКОТ НА СТРУШКАТА ПОЛИЦИЈА, ПРИВЕДЕН НАПАЃАЧОТ

    ИЗБОДЕН СО НОЖ НАЧАЛНИКОТ НА СТРУШКАТА ПОЛИЦИЈА, ПРИВЕДЕН НАПАЃАЧОТНачалникот Дритрон Ајро е вон животна опасност и хоспитализиран на Хируршкото одделение во Струшката болница. (Фото: СДК.МК)

    Началникот на струшката полиција Дритрон Ајро попладнево е избоден со нож во пределот на вратот. Напаѓачот е приведен, а повредениот веднаш бил префрлен Струшката болница. Тој е хоспитализиран на Хируршкото одделение и е надвор од животна опасност.

    „Денеска (28.07.2023) околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С. Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата Ристо Крле во Струга со остар предмет го нападнал А. Д. (46) од Струга. А. Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти СВР Охрид.

    Началникот бил повреден со нож во грлото при што му била нанесена рана од 11 сантиметри. Дежурниот лекар Берет Лена вели дека повредите се сериозни, но за среќа пациентот е надвор од животна опасност.

    „Донесен е со повреди на преден дел од вратот, рана од околу 11 сантиметри во должина која ги имаше опфатено мускулите под долната вилица. Веднаш цел тим презедовме мерки за реанимација и се изврши тампонажа на раната за да се прекине крварењето, по што следеше реконструкција на сите повредени ткива. Имаше и повреда на двете плукни жлезди. Сега е надвор од животна опасност“, вели доктор Лена.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира