ДЕСЕТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ МЕЃУ ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИОТ РАКЕТЕН НАПАД НА РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ, КРИВИ РИХ

    ДЕСЕТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ МЕЃУ ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИОТ РАКЕТЕН НАПАД НА РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ, КРИВИ РИХСе стравува дека под урнатините има уште луѓе (Фото: Гети)

    Најмалку пет луѓе загинаа откако два руски балистички проектила го погодија Криви Рих, родниот град на Володимир Зеленски. Меѓу загинатите се и десетгодишно девојче и нејзината мајка.

    Проектилите погодија станбен комплекс и универзитетска зграда и се стравува дека под урнатините има уште луѓе. Зеленски кажа дека повеќе од 350 луѓе учествуваат во расчистувањето и спасувањето.

    Во станбената зграда е целосно уништен просторот од четвртиот до деветтиот кат. Работите се одвиваат тешко, зашто делови од структурата отпаѓаат. Досега е потврдено дека загинале пет луѓе, вклучувајќи дете. Десетици се повредени“, изјави Зеленски.

    Градоначалникот на Криви Рих, Олександр Вилкул, изјави дека под урнатините би можело да има уште осум луѓе.

    Повредени се 53 луѓе, од кои три деца. Тројца од повредените се во сериозна состојба“, кажа Вилкул.

    Нападот на Криви Рих се случи ден откако Русија ја обвини Украина за уште еден напад со дронови на Москва, при што беа оштетени две деловни згради.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира