ИСЛАМСКА ДРЖАВА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА МАСАКРОТ ВО ИСТАНБУЛ, НАПАЃАЧОТ Е ВО БЕГСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Истанбул,(Скај)

    ИСЛАМСКА ДРЖАВА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА МАСАКРОТ ВО ИСТАНБУЛ, НАПАЃАЧОТ Е ВО БЕГСТВО

    Исламска држава презеде одговорност за новогодишниот масакр во ноќен клуб во Истанбул додека трае потрагата по вооружениот напаѓач. Во соопштението, терористичката група го поздрави „војникот херој на калифатот“, кој го изврши нападот во популарниот клуб „Реина“, убивајќи 39 луѓе и повредувајќи други 69.

    Полицијата истражува дали убиецот припаѓа на истата терористичка ќелија што ги изврши убиствените нападите на аеродромот „Кемал Ататурк“ во Истанбул минатиот јуни.

    25 од убиените во ноќниот клуб се странски државјани, вклучувајќи 18-годишна Израелка, тројца Индијци, тројца Либанци, жена со двојно француско-туниско државјанство и нејзиниот сопруг Тунижанец, тројца Јорданци, Белгиец и Канаѓанец.

    На безбедносните снимки се гледа како напаѓачот пука пред ноќниот клуб пред да влезе во објектот во кој имаше 600 славеници на Новата година.

     

    Првично беше јавено дека напаѓачот, вооружен со автоматска пушка, бил облечен како Дедо Мраз, но ова беше подоцна демантирано од турскиот премиер. Се верува дека напаѓачот се пресоблекол пред да избега од местото на настанот.

    „Потрагата по терористот продолжува… Се надевам дека ќе биде фатен набрзо, со божја помош“, кажа министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира