НАСА ПОРАДИ ПОГРЕШНА НАРЕДБА ГО ИЗГУБИЛА КОНТАКТОТ СО ЛЕТАЛОТО „ВОЈАЏЕР 2“

    НАСА ПОРАДИ ПОГРЕШНА НАРЕДБА ГО ИЗГУБИЛА КОНТАКТОТ СО ЛЕТАЛОТО „ВОЈАЏЕР 2“„Војаџер 2“ се наоѓа на 19,9 милијарди километри од Земјата (Фото: НАСА)

    НАСА објави дека поради погрешна наредба го изгубила контактот со вселенското летало „Војаџер 2“, оддалечено милијарди километри од Земјата. Минатиот месец, леталото лансирано во 1977 година ја навалило својата антена за два степена подалеку од Земјата откако била направена грешката.

    Како резултат на ова, леталото престанало да прима наредби и да испраќа податоци. НАСА се надева дека комуникацијата одново ќе биде воспоставена кога системот ќе биде ресетиран во октомври.

    Војаџер 2“ се наоѓа на 19,9 милијарди километри од Земјата, каде што се движи со брзина од над 55.000 километри на час низ меѓуѕвездениот простор. Од 21 јули, леталото не прима команди, ниту испраќа податоци. Сепак, и натаму постои надеж за леталото, чија мисија трае речиси 46 години.

    НАСА вели дека нејзината огромна антена во Камбера, Австралија, се обидува да детектира какви било сигнали од „Војаџер 2“. Антената исто така ќе ја бомбардира областа во која што се наоѓа леталото со точни наредби, со надеж дека повторно ќе се стапи во контакт со него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира