НАЕСЕН БИ МОЖЕЛ ДА СЕ ОДРЖИ МИРОВЕН САМИТ ЗА УКРАИНА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    НАЕСЕН БИ МОЖЕЛ ДА СЕ ОДРЖИ МИРОВЕН САМИТ ЗА УКРАИНА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИСамитот би се базирал врз план од десет точки, што Зеленски ги објави минатата есен (Фото: АП)

    Володимир Зеленски изјави дека оваа есен би можел да се одржи мировен самит за Украина, а голем чекор кон тоа би можеле да бидат претстојните разговори во Саудиска Арабија. Зеленски најави дека речиси 40 држави ќе имаат претставници на средбата во Џеда, што ќе се одржи на 5 и 6 август.

    Работиме на тоа да се одржи самит наесен. Есен ќе дојде многу брзо, но имаме доволно време да се подготвиме и да вклучиме најголем дел од земјите низ светот“, им кажа Зеленски на украинските дипломати.

    Зеленски и неговиот тим работат со сојузниците за да се изгради широка поддршка за мировен самит, на кој би се утврдиле принципите од спогодба, со која би се ставил крај на војната, што Русија ја почна пред речиси година и пол. Самитот би се базирал врз план од десет точки, што Киев ги објави минатата есен. Тие подразбираат и целосно воспоставување на територијалниот интегритет на Украина, целосно повлекување на руските трупи и размена на сите заробеници.

    Украинските и западните функционери кажаа дека Русија не би учествувала на самитот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира