Федерална порота му изрече смртна казна на напаѓачот кој пред пет години уби 11 луѓе во синагога во Питсбург. Таа го прогласи Роберт Бауерс за виновен по 63 обвиненија, кои произлегуваат од нападот на синагогата „Дрво на животот“, што се случи во октомври 2018. Тоа беше најтешкиот антисемитски напад во историјата на САД.
Бауерс уби 11-мина верници на возраст од 54 до 97 години, а уште седуммина беа ранети, вклучувајќи петмина полицајци кои реагираа на пукањето.
Новинарите кои беа во судницата кажаа дека Бауерс без реакција ја примил пресудата. Најголем дел од семејствата на убиените во нападот ја поддржале смртната казна, велејќи дека таа им донела олеснување.
Обвинителите инсистираа на смртна казна зашто 50-годишниот камионџија продолжил да искажува омраза кон Евреите и не се покајал за своите постапки. Одбраната, пак, тврдеше дека Бауерс страда од ментални проблеми поради кои имал заблуди за Евреите.
Федералните обвинители ретко бараат смртна казна. Од 1998 до 2021 ја добиле само 79 обвинети во вакви случаи.