Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО.
„Србија направи голема грешка. Цела Европа и целиот свет го користат називот Поранешна Југословенска Република Македонија, а ние им удривме шамар на нашите браќа Грци и сега очекуваме од Грците да не го признаат Косово, а Македонија ја признавме навредувајќи ги Грците, а тие (Македонците) секогаш гласаат за Косово. Јас морам да кажам дека сме будали“, изјави Дачиќ.