НАСА одново воспостави контакт со своето изгубено летало „Војаџер 2“ неколку месеци порано од очекувањата. Контактот беше прекинат во јули откако до леталото, кое ја истражува вселената од 1977 година, била испратена погрешна наредба.
Слаб сигнал бил фатен во вторникот со помош на огромната антена на НАСА во Канбера, Австралија, а благодарение на моќна инструкција наречена меѓуѕвезден извик, антената од леталото сега повторно е насочена кон Земјата. НАСА се надеваше дека ќе воспостави комуникација дури во октомври, откако леталото ќе се ресетира.
Во овој момент, „Војаџер 2“ е оддалечен милијарди километри од Земјата. Минатиот месец, леталото ја навалило својата антена за два степена подалеку од Земјата откако била испратена погрешна наредба.
„Војаџер 2“ и неговиот близнак „Војаџер 1“ се единствените летала кои оперирале надвор од хелиосферата и го достигнаа меѓуѕвездениот простор во 2018, односно во 2012 година. „Војаџер 1“ сега се наоѓа на 15 милијарди километри од Земјата, најдалеку што отишло едно летало направено од човекот.