БУГАРИН УАПСЕН ВО КАВАЛА, СИМНАЛ ГРЧКО И ЗАКАЧИЛ БУГАРСКО ЗНАМЕ И ВИКАЛ „ОВА Е БУГАРСКА ТЕРИТОРИЈА“

    БУГАРИН УАПСЕН ВО КАВАЛА, СИМНАЛ ГРЧКО И ЗАКАЧИЛ БУГАРСКО ЗНАМЕ И ВИКАЛ „ОВА Е БУГАРСКА ТЕРИТОРИЈА“35-годишниот маж давал отпор при апсењето и викал дека Кавала ѝ припаѓа на Бугарија

    Триесет и петгодишен Бугарин е уапсен во централното пристаниште во грчкиот град Кавала, по што во тамошниот окружен суд беше обвинет за навреда на националните симболи. Тој потоа беше ослободен, јавуваат грчките медиуми.

    Според управата на пристаништето и очевидци, Бугаринот синоќа дошол на кејот на пристаништето „Апостолос Павлос“, при што го симнал и фрлил грчкото знаме и го закачил знамето на Бугарија.

    Откако очевидци ги известиле пристанишните власти за ова, тие се обиделе да го уапсат 35-годишниот маж кој давал отпор, го навредувал обезбедувањето и викал дека овие области ѝ припаѓаат на Бугарија. Против него е поднесен предмет во основното обвинителство на Кавала.

    Според информациите, ова не е прв ваков инцидент на уапсениот Бугарин, за кого се вели дека е член на екстремистичка организација која се залага Кавала и регионите на источна Македонија да бидат дел на Бугарија, а не на Грција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира