ГОЛЕМОТО ДАНОЧНО ОПТОВАРУВАЊЕ ЈА ТОПИ СРЕДНАТА КЛАСА ВО ГЕРМАНИЈА

    ГОЛЕМОТО ДАНОЧНО ОПТОВАРУВАЊЕ ЈА ТОПИ СРЕДНАТА КЛАСА ВО ГЕРМАНИЈА80 отсто од Германците себеси се сметаат за средна класа, но во реалноста таа бројка е значително помала. (Фото: ДПА)

    Таканаречениот среден општествен слој во Германија се наоѓа „на работ“ бидејќи трпи најголемо даночно оптоварување во Европа, соопшти денеска економскиот институт Ифо.

    „Со оптоварување од околу 50 отсто од бруто приходите во германскиот систем на даноци и трансфери, луѓето со средни примања на располагање имаат само половина од секое евро што го заработуваат“, вели Андреас Пајл, шеф на одделението за макроекономија и истражувања на Ифо.

    Повеќе од четири петини од германските граѓани себеси се сметаат за средна класа. Во реалноста, таа бројка е значително помала.

    Според дефиницијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во Германија во 2019 година средната класа ја сочинувале околу 26 милиони домаќинства, односно 63 отсто од населението, што е за два отсто помалку од 2007 година.

    Иако овој пад изгледа како умерен, тој е значаен во споредба со другите европски земји, според истражувачот на Ифо Флоријан Дорн.

    ОЕЦД во средната класа на некоја земја ги вбројува домаќинствата кои располагаат со помеѓу 75 и 200 отсто од просечните примања. Во Германија, за самците тоа е помеѓу 17.475 и 46.600 евра, додека за двојките со две две деца, распонот е помеѓу 36.698 и 97.860 евра годишно.
    .

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира