БОНО ГО ОТВОРИ 29. САРАЕВСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ, КАКО ЅВЕЗДА НА ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА ЈУ-ТУ И САРАЕВО

    БОНО ГО ОТВОРИ 29. САРАЕВСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ, КАКО ЅВЕЗДА НА ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА ЈУ-ТУ И САРАЕВОБоно со екипата на документарецот „Бакни ја иднината“, кој е инспириран од улогата на Ју-Ту за животот во воено Сараево. (Фото: СФФ)

    Двајца членови на Ју-Ту, Боно Вокс и Д Еџ беа изненадување на вечерта, на синоќешното свечено отворање на 29. Сараевски филмски фестивал. Двајцата легендарни музичари дојдоа заедно со нивните сопруги, како и моделката и активистка Кристи Тарлингтон и новинарката на Си-Ен-Ен, Кристијана Аманпур. Фестивалот отвори со документарецот „Бакни ја иднината“ на Ненад Чичин-Шаин, кој е инспириран од Ју-Ту и нивната значајна улога за воено и повоено Сараево и неговите жители.

    Во филмот е прикажан активизмот на Боно и настапот на Ју-Ту на стадионот Вембли во Лондон, пред точно 30 години. Врската на Боно со Сараево и Сараевскиот филмски фестивал трае веќе неколку децении. По посетата на Фестивалот во 2000 и 2021 година, тој често доаѓа во Сараево како поддршка на фестивалот.

    Оваа година, Сараевскиот филмски фестивал ја одбележува 30-годишнината од првото воено кино Аполо, кога градот беше под опсада, а публиката се собра да гледа филмови во подрумот на Академијата за драмски уметности, со што се прославува јубилејот поврзан со самиот почеток на фестивалот. Приказната е токму за заедницата која продолжи да работи и живее во текот на опсадата на Сараево во 1990-тите. Во филмот исто така се појавува и Аманпур, која раскажува за своето искуство  како млада репортерка која известувала за војната.

    Боно и Кристијана Аманпур синоќа во Сараево. (Фото: Дедлајн)

    Фестивалот ќе трае до 18 август, а во трка за Срце на Сараево се 49 филмови.

    Две македонски копродукции ќе имаат светска премиера во конкуренцијата за награди за документарци, „Тело“ на Петра Селишкар копродукција со Словенија и „Молк на разумот“ на Кумјана Новакова со БиХ. Екипа на „Кајмак“ со режисерот Милчо Манчевски на 17 август ќе продефилира на црвениот килим, во програмата Open Air.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира