ЕРУПЦИЈА НА ЕТНА ГО ЗАТВОРИ АЕРОДРОМОТ ВО КАТАНИЈА

    ЕРУПЦИЈА НА ЕТНА ГО ЗАТВОРИ АЕРОДРОМОТ ВО КАТАНИЈААеродромот во Катанија е вториот најголем аеродром на Сицилија. (Фото: АНСА)

    Ден пред Ферагосто, најголемиот државен празник во Италија, облак од пепел од ерупција на вулканот Етна предизвика затворање на аеродромот во Катанија.

    Станува збор за вториот најголем аеродром на Сицилија каде што има домашни и меѓународни летови. Според најавите, аеродромот треба да биде затворен до 20 часот.

    Етна е најактивниот вулкан во Европа и италијанските власти велат дека влегол во поопасна фаза. Ерупцијата сега е смирена, но поголемиот дел од Катанија и околината се покриени со пепел.

    Градоначалникот, исто така, забрани употреба на моторцикли до среда и им забрани на возачите да возат над 30 км/ч.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира