Контроверзниот бугарски бизнисмен Алексеј Петров е убиен денеска во Софија, објави БНР. Убиена е и неговата долгогодишна партнерка Ива Павлова. Според првичните информации, двајцата биле застрелани со пушка.
Роден во 1962 година, Петров е поранешен член на специјална антитерористичка единица, а по заминување од единицата почнал приватен бизнис. Познат е како сопственик на осигурителната компанија „Аполо и Балкан“. Беше еден од обвинетите во случајот „Октопод“ за рекет и изнуда, но беше ослободен.
Петров претходно двапати беше цел на атентат. Во 2002 година беше застрелан во градите и ногата, а во 2015 година неуспешно беше гаѓан со граната.