САД ИМ ДОЗВОЛИЈА НА ХОЛАНДИЈА И ДАНСКА ДА ИСПРАТАТ АВИОНИ „Ф-16“ ВО УКРАИНА

    САД ИМ ДОЗВОЛИЈА НА ХОЛАНДИЈА И ДАНСКА ДА ИСПРАТАТ АВИОНИ „Ф-16“ ВО УКРАИНАКоалиција на 11 земји овој месец ќе почне да ги обучува украинските пилоти во Данска (Фото: Гети)

    САД го одобрија испраќањето борбени авиони „Ф-16“ во Украина од Холандија и Данска штом заврши обуката на пилотите, изјави еден американски функционер. Украина постојано ги бара овие авиони, сметајќи дека со нив поефективно ќе се брани и ќе напредува во противофанзивата.

    Вашингтон им даде официјални гаранции на Холандија и Данска дека САД ќе го забрзаат одобрувањето на барањата за трансфер на ‘Ф-16‘ во Украина откако пилотите ќе бидат обучени“, изјави американскиот функционер.

    Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра ја поздрави одлуката на САД.

    Сега дополнително ќе разговараме за ова со нашите европски партнери“, кажа Хукстра.

    Коалиција на 11 земји овој месец ќе почне да ги обучува украинските пилоти во Данска, чиј министер за одбрана Трелс Поулсен претходно кажа дека резултатите од тренингот се очекуваат во почетокот на 2024. И Киев неодамна призна дека нема да ги имаат авионите на располагање оваа година.

    Данска и Холандија беа најгласните европски членки на НАТО во напорите да се испратат нови борбени авиони во Украина. Холандија има 24 оперативни авиони „Ф-16“ кои ќе излезат од употреба до средина на 2024, а уште 18 авиони се моментално на продажба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира