Легендарниот италијански музичар и победник на Евровизија во 1990 година, Тото Кутуњо, почина на 80 години во болница во Милано, изјави за АНСА неговиот менаџер Данило Манкузо. Манкузо рече дека по долго боледување, здравјето на пејачот се влошило во последните месеци.
Кутуњо, чие родено име беше Салваторе, е роден во Тоскана, стекна светска слава во 1983 година со неговата песна „Италијанецот“ (L’Italiano), која ја изведе на фестивалот Санремо.
Кутуњо победи и на Евровизија во Загреб 1990 година со песната „Заедно 1992“(Insieme: 1992), чија музика и текст ги напиша тој. Двапати победи на фестивалот Санремо.