ПОТРЕБНА Е ПРОМЕНА НА АНЕКС ДОГОВОРОТ СО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ОТКАКО СЕ ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО МАТИЧНИТЕ ДА ПРЕПИШУВААТ ТЕРАПИЈА ЗА ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ, ВЕЛИ ЧОЛАКОВА-ДЕРВИШОВА

    ПОТРЕБНА Е ПРОМЕНА НА АНЕКС ДОГОВОРОТ СО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ОТКАКО СЕ ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО МАТИЧНИТЕ ДА ПРЕПИШУВААТ ТЕРАПИЈА ЗА ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ, ВЕЛИ ЧОЛАКОВА-ДЕРВИШОВАМатичните доктори и натаму остануваат на нивните основни барање, кои во неколкуте средби со новиот министер за здравство Меџити и лично му ги кажале. (Фото: СДК.МК)

    Пациентите се запознаени со новите кои стапија на сила и со кои тие можат преку матичните доктори да добиваат терапија за најчестите хронични заболувања и состојби. Доаѓале и барале да им се препишат лекарства за хипертензија, дијабетес, хронична опструктивна белодробна болест, астма или хипотироидизам, во зависност од тоа од што боледуваат, без за тоа да одат по мислење од специјалист и посетуваат болница. Но, матичните предупредуваат дека за ова решение да заживее, потребно е да се промени и анексот на договорот со Фондот за здравство и буџетот.

    „За оваа можност се боревме од 2018 година и по пет години заживеа. Тоа е за пофалба. Но има еден сериозен недостаток. Мора да има промена на нашите анекс договори со Фондот за здравство. Бидејќи доколку матичните препишуваат сè што пациентите ќе побараат, ние ќе наидеме на една сериозна пречка, ќе ја пречекориме вредноста на сумата определена со анексот. Тоа ќе создаде можност на крајот од годината да бидеме казнувани заради надминување на буџетот. Затоа ќе биде најдобро да се тргне буџетот и да се направи софтверска контрола“, вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија. .

    Матичните доктори и натаму остануваат на нивните основни барање, кои во неколкуте средби со новиот министер за здравство Меџити и лично му ги кажале.

    „Гледаме дека министерот Меџити се труди да направа реформи. Стратешко барање е пациенти на Приватна здравствена установа, електронско здравство да ја тргнеме хартијата за упати, рецепти. И да се најде методологија за начинот на плаќање. Сведоци сме дека цените се покачуваат, гориво, храна, да имаме систем а не да се закануваме со штрајкови за да добиеме некои права“, вели д-р Чолакова-Дервишова.

    За примена на новините во системот на примарна здравствена заштита, со поддршка на Светската здравствена организација отпечатени биле информативни брошури, а извршена е и едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира