ЗЕЛЕНСКИ ГО РАЗРЕШИ МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА РЕЗНИКОВ

    ЗЕЛЕНСКИ ГО РАЗРЕШИ МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА РЕЗНИКОВРезников беше една од најистакнатите личности од почетокот на руската инвазија (Фото: Гети)

    Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников е разрешен од својата функција, објави претседателот Володимир Зеленски, кој за негов наследник го предложи Рустем Умеров, актуелниот директор на фондот за државен имот. Резников (57) дојде на функцијата пред почетокот на руската инвазија на Украина и оттогаш беше една од најистакнатите личности и редовно присуствуваше на состаноците со западните сојузници и лобираше за добивање воена опрема.

    Во ноќното обраќање, Зеленски кажа дека е потребен нов пристап во министерството за одбрана. Украинските медиуми шпекулираат дека Резников ќе биде нов амбасадор во Велика Британија.

    Смената на Резников се најавуваше веќе некое време, но експертите сметаат дека таа нема да доведе до некакви промени во украинската тактика на бојното поле, каде што главниот збор го има генералот Валери Залужни, началникот на генералштабот.

    Зеленски го смени Резников додека се бори со поширока корупција во власта. Иако самиот Резников не се обвинуваше за корупција, во неговото министерство имаше низа вакви скандали, поради што неговиот заменик Вјачеслав Шаповалов поднесе оставка лани.

    Резников ќе биде заменет со Рустем Умеров, кој ја претставуваше Украина на мировните разговори на почетокот на војната и покажа симптоми на труење по еден таков состанок во март 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира