ОД ЕВРО КВАДРАТ, ПЛАЦЕВИ КРАЈ ЕЗЕРО МЛАДОСТ НА ЕЛЕКТРОНСКА АУКЦИЈА ДОСТИГНАА ЦЕНА ДО 71 ЕВРА ЗА КВАДРАТ

    ОД ЕВРО КВАДРАТ, ПЛАЦЕВИ КРАЈ ЕЗЕРО МЛАДОСТ НА ЕЛЕКТРОНСКА АУКЦИЈА ДОСТИГНАА ЦЕНА ДО 71 ЕВРА ЗА КВАДРАТОбјектите кои треба да се градат може да бидат со катност П+1. (Фото: СДК.МК)

    Цената на метар квадратен за градежни парцели крај езеро Младост, за изградба на станбени објекти, на јавната аукција се искачила од едно на 71 евро за метар квадратен. Продажбата се случи на 17 август кога локалната власт продаде две парцели, кои претходно еднаш биле купени, но тогашните сопственици не подигнале објекти во рокот кој бил даден. Затоа истите повторно беа ставени на продажба.

    „Се продаваа три парцели и за нив имаше голем интерес. За првата имаше 28 пријави, но сигурно помните дека на 17 август во утринските часови немаше интернет, телефонија, истата не се одржа, па сега бараме нов термин за јавно наддавање. Двете преостанати парцели се продадоа за 3.700 денари за м2 и за него имаше 26 пријавени кандидати и за 4.460 денари за м2 за кого имаше 32 кандидати“, кажа градоначалникот Марко Колев.

    Првата парцела е со 595 м2 а втората со 640 м2 површина. И двете имаат површина од 221 м2 за градење. Почетната цена за квадратен метар беше 61 денар. Објектите кои треба да се градат може да бидат со катност П+1. Од средствата кои треба да се платат за овие градежни парцели, 80 отсто е приход на општината, а 20 отсто на државата.

    Истиот ден 17 август, имало и јавно наддавање за изведувач на градежни работи на кров на Основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ од Велес. Учествувале осум фирми, наддавањето траело 27 часа, бидејќи минималниот чекор бил 0,5 денари, а максималниот 10 денари, па намалувањето на цената на електронската аукција, траело повеќе од едно деноноќие.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира