Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одржа церемонија на која ја претстави новата подморница за која беше кажано дека може да носи нуклеарно оружје. Државните медиуми објавија дека подморницата ќе ја засили способноста на земјата за нуклеарно одвраќање.
Напаѓачка нуклеарна подморница долго време беше на листата оружја што Ким сакаше да ги изгради и таа се смета за клучен дел од неговата програма за нуклеарно оружје.
„Пловилото ‘Херојот Кум Кун Ок‘ е дизајнирано да лансира тактично нуклеарно оружје од вода“, соопшти Централната новинска агенција, не прецизирајќи колку проектили може да носи.
Јужна Кореја изрази сомнежи дека подморницата е функционална, откако и Пјонгјанг кажа дека таа сѐ уште не е подготвена за оперативни задолженија. Аналитичарите сметаат дека ова е истата подморница за која Ким изврши инспекција во 2019, кога таа беше во изградба.