Разбиена е банда на македонски државјани кои краделе луксузни автомобили што им припаѓале на туристи во грчкиот регион Халкидики , соопшти грчката полиција.
Според извештајот на полицијата, бандата била вклучена во кражба на 19 луксузни возила изминатите три месеци, чија што вредност е речиси 1,2 милиони евра. Седум од украдените автомобили се најдени и вратени на сопствениците, додека за останатите се верува дека завршиле во странство.
Бандата имала шест члена, сите државјани на Македонија, и од нив тројца се уапсени. Другите тројца, вклучувајќи го и лидерот на бандата, се идентификувани.
Според грчката полиција, бандата ги лоцирала возилата на туристите и потоа провалувала кај што биле сместени и ги краделе клучевите од автомобилите.